Влада: Сите почнати постапки за избор на раководен орган на универзитетите се ставаат во мирување


Влада: Сите почнати постапки за избор на раководен орган на универзитетите се ставаат во мирување - МИА

Скопје, 5 јуни 2020 () – На денешната седница на Владата е допрецизиран членот 5 од Уредбата за законот за високо образование, со кој сите почнати постапки за избор на раководен орган пред стапувањето во сила на оваа уредба, се ставаат во мирување.

– На оваа седница на Владата направено е и допрецизирање во членот 5 од Уредбата за законот за високо образование, кој предвидува дека на органите на универзитетите на кои мандатот им истекува за време на вонредната состојба, постапките за избор ќе ги започнат, односно продолжат во рок од 30 дена од завршување на вонредната состојба. Со ова дополнување се регулира дека сите почнати постапки за избор на раководен орган пред стапување во сила на оваа уредба ќе се стават во мирување. Дејствијата кои се преземени претходно се сметаат за важечки, а останатите дејствија ќе продолжат по завршување на вонредната состојба и по престанок на ограничувањата предвидени со закон, појаснуваат од Владата.

Владината пресслужба информира дека на денешната седница донесена е и одлука за бројот на студенти кои треба да се запишат во прва година на јавните високообразовни установи, како и одлука за дополнителни квоти за запишување студенти припадници на заедниците кои не се мнозинство. ac/


Партиите не отстапуваат од средби со граѓаните, но ветуваат почитување на мерките - МИА
Вести

Предизборната кампања на средина, се вжештува реториката

– Предизборната кампања за предвремените парламентарни избори на 15 јули е на средина, а партиите ја вжештуваат дебатата за економијата, правната држава и корупцијата. Партиите своите изборни програми и денеска ќе ги претстават на средби […]

Засега нема препорака за затворање на границите со Србија и со Косово - МИА
Вести

Засега нема препорака за затворање на границите со Србија и со Косово

Скопје, 4 јули 2020 () – Засега нема препорака од Комисијата за заразни болести ниту пак одлука за затворање на границите со Србија и со Косово, потврди вчера премиерот Оливер Спасовски и истакна дека во […]

Бројот на заболени од Ковид-19 и натаму висок, повторно се апелира на почитување на мерките за заштита - МИА
Вести

Бројот на заболени од Ковид-19 и натаму висок, повторно се апелира на почитување на мерките за заштита

Скопје, 4 јули 2020 () – Бројот на заразени со коронавирус во државава и натаму е висок. Според вчера објавените податоци, нови 165 случаи со Ковид-19, седум починати и 128 оздравени се регистрирани во државава. […]