Вкупно активни 3.486 случаи на Ковид-19, не се очекува поголем наплив во болниците


Нови 153 заразени со Ковид – 19, оздравени 75 пациенти, починаа шест - МИА

Скопје, 14 јули 2020 () – Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8.197 лица, од кои моментално активни се 3.486, откако вчера беа регистрирани 88 нови случаи од вкупно направени 973 тестирања.

Најголем број активни има во Скопје – 1 788 лица, потоа Куманово – 194 и Дебар – 151.

Од скопските општини со најголем број на активни случаи е Чаир – 302, потоа Аеродром – 162 и Бутел -135.

Министерот за здравство Венко Филипче, не очекува поголем наплив на пациенти во болниците и нагласи дека трендовите се уште се во насока на приближно ист процент на новодијагностицирани од вкупниот број тестови и ист процентот на хоспитализирани пациенти од вкупниот број на новодијагностицирани.

– Капацитетот во болниците се менаџира добро и во однос на кадарот со ротација и во однос на слободни кревети, информираше вчера Филипче при посетата на Здравствениот дом во Свети Николе.

Во текот на изминатите 24 часа оздравени се 123 лица, со што бројката на досега оздравени пациенти е 4.326, додека починати се три лица, со што вкупната бројука на починати е 385.

Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 52 пациенти, а нема пациенти на респираторна машина.

Во 16 општини ќе се формираат регионални „Ковид – центри“, во рамки на подготовките за евентуален есенски бран на КОВИД-19. Целта е да се обезбеди соодветен третман и тријажа на пациенти позитивни или сомнителни на КОВИД-19 без притоа да се компромитира редовното работење на болниците и здравјето на другите пациенти.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 23 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, пет деца позитивни и едно дете суспектно на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ вкупно хоспитализирани се 88 пациенти, во болницата во Битола – 28, а во болницата во Штип – 54 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар и Струмица се хоспитализирани 110 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19. нд/

 


Над девет милиони во светот оздравени од Ковид-19 - МИА
Вести

Нови 155 случаи со Ковид-19, двајца починати, оздравени 127 пациенти

Скопје, 7 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1 845 тестирања и се регистрирани 155 нови случаи на Ковид-19. Починале две лица, а оздравеле 127 пациенти, соопшти попладнево Министерството за здравство. Од […]

ССМ: Социјалниот дијалог дава резултати, потребата од Синдикатот и колективните договори се потврдува во најтешките моменти - МИА
Бизнис

ССМ: Одлуката за поскапување на струјата е избрзана

Скопје, 7 август 2020 () – Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) смета дека одлуката за зголемување на цената на струјата е избрзана и зголемување ќе падне на товар на граѓаните. – Сојузот на синдикатите […]

Ивановска за МИА: Законот во ниту еден случај, ниту во вонредна состојба не ги ослободува од одговорност лицата кои ја злоупотребиле позицијата - МИА
Вести

Ивановска: Ќе бараме од новите пратеници да донесат Закон за потекло на имотот

– Не секогаш оној кој се стекнува со имот, го става имотот на свое име. Ќе бараме од новите пратеници да донесат Закон за потекло на имотот, изјави претседателката на Државната комисија за спречување на […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*