„Виз Ер“ на 1 и 2 јули ги отвора аеродромите во Скопје и Охрид


„Виз Ер“ на 1 и 2 јули ги отвора аеродромите во Скопје и Охрид - МИА

Скопје, 29 јуни 2020 () – Со лет на „Виз ер“ во среда се отвора Меѓународниот аеродрoм – Скопје. „Виз Ер“ ќе го отвори и аеродромот во Охрид  „Свети Апостол Павле“ в четврток со лет со кој ќе допатуваат туристи од Холандија и Полска, соопшти генералниот директор на ТАВ – Македонија, Алпер Ерсој.

Протоколите се подготвени и се по сите светски стандарди. Како што напомена Ерсој, патниците мора да дојдат три часа пред летот зашто проверките поради заштитните мерки се малку позабавени. Во авионите нема да има ограничување на местата за седење зашто, како што рече Ерсој, летањето би било неисплатливо. Патниците ќе мора да носат заштитни маски за цело време на летот, а кабините на авионите, потенцира Ерсој, се опремени со специјални хепа филтри кои уништуваат 99,9 отсто од вирусите и бактериите.

-Затоа авионскиот транспорт ќе биде набезбеден јавен превоз, посочи Ерсој.

Министерот за здравство Венко Филипче кој заедно со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески го посетија Скопскиот аеродром и имаше средба со менаџментот на ТАВ,  потврди дека во среда, на 1 јули, двата аеродрома, во Скопје и во Охрид, се отвораат.

Филипче информира и дека денеска ќе разговара со грчкиот колега во врска со отворањето на граничниот премин Евзони, а за влез на нашите граѓани во земјите-членки на ЕУ, веќе разговарал со претставници на Советот за здравство на Европската комисија и повторно има закажано состаноци за утре и за четврток.

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, пак, минатата недела разговарал со надлежните во „Виз ер“. Рече дека согласно Договорот за финансика поддршка, очекува од први јули да продолжат летовите што беа стопирани во март поради КОИВИД-19

-Протоколот на Меѓународниот аеродрoм – Скопје е според сите светски стандарди. Целосно се застапени основните заштитни мерки – дистанца, дезинфекциски средства и обврска за носење маски, а на влезот е поставена и термална камера. Скринингот ќе продолжи, ќе функицонира и собата за изолација, изјави Филипче по посетата на Аеродромот и средбата со менаџментот.

 

 


Собранието се конституира во вторник, по Илинден и разговорите за влада - МИА
Вести

Конститутивна седница на Собранието утре, партиски разговори за формирање влада

Скопје, 3 август 2020 () – Конститутивната седница на новиот парламентарен состав ќе се одржи утре напладне под посебни протоколи поради коронавирусот во салата под Големата купола наместо во салата „Македонија“. Седницата ќе се одвива […]

Реафирмирани вредностите на двата Илиндена, одбележувањето без масовни собири - МИА
Вести

Реафирмирани вредностите на двата Илиндена, одбележувањето без масовни собири

Скопје, 3 август 2020 () – Одбележувањето на големиот државен празник 2 Август – Денот на Републиката, Илинден годинава помина во услови на здравствени протоколи поради заштита од ширење на пандемијата од Ковид-19 и без […]

Бројот на заболени од Ковид-19 и натаму висок, повторно се апелира на почитување на мерките за заштита - МИА
Вести

Бројот на новозаболени од Ковид-19 и натаму трицифрен, во Скопје 1.372 активни случаи

Скопје, 3 август 2020 () – Нови 166 случаи со Ковид-19 од 1.419 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа. Починаа четири пациенти од Скопје, Кичево, Штип и […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*