Виртуелна дебата „Правото на вода и санитација како основно човеково право во време на пандемија“


– Виртуелна дебата со наслов „Правото на вода и санитација како основно човеково право во време на пандемија“ ќе се одржи денеска преку апликацијата „zoom“, во организација на невладината Новинари за човекови права во соработка со проектот „Water4changes-Вода“ поддржан од Global shapers hub-Skopje.

– Обезбедување на безбедна вода, санитација и хигиена се од суштинско значење за
заштита на здравјето на луѓето во појава на сите заразни инфективни заболувања,
вклучително и на вирусот Ковид-19. Обезбедување добра и доследна примена на
„wash“ практики за управување со отпад во заедниците, домовите, училиштата, места на
пазарот и здравствени установи ќе помогнат во спречувањето на пренесување на вирусот
Ковид-19 од човек на човек, се вели во соопштението од Новинари за човекови права.

Оттаму посочуваат дека најважните информации во врска со „wash“ и вирусот Ковид-19 е одржувањето на личната хигиена и тоа преку честата и правилна хигиена на рацете, што е една од
најважните мерки за спречување на инфекција со овој вирус.

– Неспорно е дека многу придобивки ќе бидат реализирани со безбедно управување со водата и санитарни услуги, како и примена на добри хигиенски практики. Oд голема важност е да празговараме на оваа тема и да ја продолжиме дебатата за управувањето со водните ресурси во Рeпублика Северна Македонија во услови на криза и иницијативата за имплементацијата на правото на вода и санитација како основно човеково право во Уставот, додаваат во соопштението.


Вести

Пациентка од Струга почина од Ковид-19, 22 нови случаи, вкупно заболени 241 лице

– Дваесет и два нови случаи на заболени од коронавирус се регистрирани изминатите 24 часа во земјава, соопшти Министерството за здравство. По градови во Скопје (9), Куманово (3), Струга (3), Тетово (2), Дебар (2), Прилеп (2), […]

Вести

Чулев: Во ситуации кога е неопходно личните карти и возачките дозволи ќе се доставуваат на домашна адреса

– Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска најави дека в понеделник ќе се смени правилникот со што во ситуации кога е неопходно личните карти и возачките дозволи ќе има можност да се доставуваат на […]

Бизнис

Народна банка: Денарот е и ќе остане стабилен, нема промени во девизниот курс

– Девизниот курс на денарот е стабилен и нема промени во неговото ниво, нагласува Народната банка по објавите во некои медиуми и на социјалните мрежи во кои се коментираат девизните курсеви на онлајн платформи. Народна банка […]