(Видео) Трипуновски: 7 сантиметри го делат Охридското езеро од еколошка катастрофа


Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ ја обвини власта за еколошка катастрофа на Охридското езеро.



„ Се наоѓаме покрај Охридското езеро, бисерот на Македонија, кој заради расипничката влада и Зоран Заев е пред еколошка катастрофа. Езерото е на само 0.07 метри до нивото на минималната кота, односно до истата има уште 7 сантиметри. Само уште 7 сантиметри го делат Охридското езеро од еколошка катастрофа.

До сега езерото изгубило многу вода, а моментално водата е падната за 58 центиметри од максималната кота на езерото.

Откако Охрид беше на прагот на да го изгуби статусот на УНЕСКО, сега е на прагот да доживее еколошка катастрофа. Охридското езеро е дом на 17 видови на риба, од кои 10 се ендемски, исто така езерото има голем број на ендемска флора, на која со евентуална еколошка катастрофа и се ризикува нејзиниот опстанок.

Охридското езеро е испразнето како резултат на зголеменото испуштање на вода во реката Црни Дрим се со цел производство на струја во двете хидроцентрали низводно на реката, и сето тоа за да се засити желбата за профит на Зоран Заев.

Зоран Заев и СДСМ не сфаќаат дека Охридското езеро е своевидна природна реткост и светско природно наследство која нашата држава за среќа ја има и како такви сме должни да се грижиме за него, како заради нас самите нас, така и заради целиот свет.

Се ризикува животната средина, се ризикува туризмот и се ризикува нормалното живеење на сите во регионот.

Зоран Заев и владата мора да понесат одговорност за оваа состојба“ порача Трипуновски.