Одделот за воздухопловни единици на МВР по добиено барање од Центарот за управување со кризи (ЦУК) за гасење на пожар на територија на општина Чешиново- Облешево, помеѓу Кочани и Пробиштип, упати хеликоптер од типот Ми-171, кој исфрли над 60 тони вода, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Како што информираат од МВР, особено се делувало во крак од пожарот кој се наближуваше кон село Врбица и пожарот на тој потег е ставен под контрола.
-Исто така, со хеликоптерот Ми-171 се извлечени 5 пожарникари од ТППЕ Кочани кои беа обиколени од оган и чад од сите страни и се оставени на сигурно, а со истиот хеликоптер беа транспортирани и 11 пожарникари на највисоката точка на пожарот за негово пресекување, велат од МВР.