Виде народот со Левица и ДПМНЕ каков хаос следи, тие се лонче и капаче, велат од СДСМ

Виде-народот-со-Левица-и-ДПМНЕ-каков-хаос-следи-тие.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Целата македонска јавност виде со Левица и ДПМНЕ каков хаос следи, тие се лонче и капаче, велат од СДСМ.


Според нив, дивеењето на Левица во Собранието е потврда на она што тие како партија го говорат цело време.

„Со Левица и нивниот коалициски партнер ДПМНЕ можни се само инциденти, насилства и хаос. Односот на Левица и ДПМНЕ кон Собранието е однос кон државата, однос кон граѓаните. За дивеењето мора да им одговорност од пратениците на Левица. Очекуваме надлежно јавното обвинителство веднаш да поднесе соодветни кривични пријави“, додаваат од СДСМ.

Дополнуваат дека СДСМ нема да дозволи сценаријата на проруската Левица и нивните коалициски партнери да успеат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK