Вардар кај Демир Капија, Црн Дрим кај Ложани и Бабуна кај Богомила бележат повисоки нивоа од просекот



Зголемени нивоата на реките и на Преспанското Езеро - МИА

Скопје, 19 јуни 2020 () – Водостоите на реките Бабуна кај Богомила, Вардар кај Демир Капија и Црн Дрим кај Ложани бележат повисоки вредности од просекот за јуни, покажуваат податоците на УХМР.


 

Пониски нивоа од просекот бележат Вардар кај Јегуновце, Скопје ЖМ и кај Велес, Треска кај Македонски Брод, Лепенец кај Скопје, Пчиња кај Пелинце, Крива Река кај Крива Паланка, Струмица кај Ново Село, Црна Река кај Новаци и кај Р.Б.Мост.

Повисок водостој е измерен на Дојранско Езеро. нд/