Укинат притворот за шестмината осомничени за упадот во М-НАВ

Осуммина-осомничени-ја-загрозиле-безбедноста-на-воздушниот-сообраќај-на-аеродромот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судии на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, денеска достави предлози за укинување на мерките за обезбедување присуство, односно мерките притвор и куќен притвор, за шест лица осомничени за кривичното дело Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај од чл. 303 ст. 2 вв со чл. 22, а поврзани со случувањата од 4 – ти јануари во М-НАВ, и определување на мерки за претпазливсот.


„Постапувајќи по предлогот на Јавниот обвинител, а ценејќи ги приложените факти, судиите на претходна постапка, го прифатија предлогот на Јавниот обвинител и донесоа решенија со кои за А.О., Р.Б. и Љ.Ќ. ја укинаа мерката куќен притвор, додека за С.Ш., О.А. и Е.С. ја укинаа мерката притвор и им определија мерки за претпазливост од чл. 146 ст.1 т.1,2.3 и 6 односно, Забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, Одземање на патна исправа и забрана за издавање нова, Обврска обвинетиот да се јавува во судот и Забрана за приближување или воспоставување врска со одредени лица“, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.

Против овие решенија странките имаат право на жалба до Кривичниот совет на овој суд.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK