Угостителските работници бараат да бидат пријавени со полно работно време, К-15 и бенифициран стаж


Угостителските работници бараат да бидат пријавени со полно работно време, К-15 и бенифициран стаж - МИА

Скопје, 20 мај 2020 () – Синдикатот за угостителство и туризам при Конфедерацијата на слободни синдикати бара да се реши статусот на угостителските работници, да бидат пријавени со полно работно време и да им бидат платени прекувремената работа и работата за време на празник согласно Законот за работни односи.

– Бараме да се изнајде начин сите работници од нашите сектори да добијат сигурност. Вината што голем дел сме непријавени и не можеме сега да ги оствариле правата, не е само наша, туку и ваша, затоа што затаил системот на контрола, односно инспекторатите, истакна Влатко Николовски од Синдикатот за угостителство и туризам на денешната прес-конференција.

Синдикатот бара и задолжителна исплата на К-15, бенифициран стаж и платен годишен одмор од минимум 20 работни дена.

– Не отвораме војна против никого, сакаме само да се има слух и за нас и да се преземе конкретно решавање на нашите барања, рече Николовски.

Според проценките на Синдикатот, во угостителството се пријавени околу 20.000 работници, а во овој сектор работат околу 70-80.000 работници.

Синдикатот за угостителството и туризмот брои околу четири илјади членови.

Прес-конференција на Синдикатот за угостителство и туризам при Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија

Posted by MИА.mk on Среда, 20 мај 2020


Здравствените власти апелираат пациентите да кажуваат точни податоци и да се почитуваат препораките - МИА
Вести

Од новите 165 случаи на КОВИД-19, 71 заразен во Скопје

Скопје, 3 јули 2020 () – Од регистрираните нови 165 случаи на КОВИД-19 во државата, согласно денешните податоци на Институтот за јавно здравје, најголемиот број, 71, се од Скопје. Според статистиката на Министерството за здравство, […]

Британски експерт смета дека коронавирусот ќе циркулира најмалку до 2021 година - МИА
Вести

Нови 165 случаи на Ковид – 19, седум починати, 128 оздравени

Скопје, 3 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на КОВИД-19 од кои во Скопје-71, Куманово-15, Дебар-1, Штип-10, Прилеп-5, Тетово-20, Струга-3, Велес-1, Битола-3, Охрид-10, […]

Излез од државата само со потпишана изјава, за влез неопходен корона тест - МИА
Вести

Границите со Србија и Косово засега остануваат отворени

Скопје, 3 јули 2020 () – Владата нема добиено препорака од Комисијата за заразни болести, ниту има донесено одлука за затворање на границите со Србија и Косово, потврди денеска премиерот Оливер Спасовски. Во моментов останува […]