Учениците од „Нова“ истражуваа дали играњето видео игри ги подобрува рефлексите

Дали кофеинот влијае на растот на растенијата? Која фреквенција на звукот го гаси оганот за најкратко време? Дали играњето на видео игри ги подобрува рефлексите? Ова се дел од прашањата на кои учениците од меѓународното училиште „Нова“ се обидоа да најдат одговор, а проектите ги презентираа на Саемот на наука кој се одржа вчера во оваа образовна институција.

Околу 130 деца од шесто, седмо и осмо одделение ги презентираа своите истражувања. Ова е десетто издание на традиционалниот саем на наука и досега стотици ученици во „Нова“ имаат презентирано истражувања од повеќе научни сфери.

– Со оглед дека станува збор за јубилејно издание на Саемот одлучивме да направиме пресек на претходните изданија и да им дадеме простор на учениците да реализираат проект што ќе биде инспириран од претходните теми на овој настан. Воодушевени сме од креативноста на децата и од фактот дека се избраа атрактивни теми на кои многумина би сакале да го знаат одговорот. Саемот е традиционален настан во „Нова“ и среќни сме дека токму преку него ги мотивираме нашите ученици да го продолжат образованието во универзитети што се етаблирани во полето на природните науки, велат од меѓународното училиште „Нова“.

Професорскиот и менаџерскиот тим на оваа образовна институција посочува дека со овој начин на работа им се дава можност на учениците да се впуштат во тимска работа, самостојно истражување и донесување на заклучоци врз база на добиените резултати.

Настанот секоја година се одржува под различно мото и досега биле обработени теми како: „Спортот и науката“, „Во светот на иновациите и технологијата“, „Познати научници и нивните откритија“, „Да ја заштитиме животната средина“ и „Здравјето е најголемо богатство“.


Вести

За победа во прв круг потребни 904.066 гласови, во вториот 723.253

Денеска се одржува првиот круг од претседателските избори. На изборите право на глас имаат 1.808.131 избирач, кои можат да изберат меѓу тројца кандидати Блерим Река, Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски. Во првиот круг победник може да […]

Вести

Отворена телефонска линија кај Омбудсманот за пријавување повреди на избирачко право

Граѓаните денеска на денот на одржувањето на првиот круг од Претседателските избори 2019, и предвремените избори за градоначалник за општините Охрид, Дебар и Ново Село ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право […]

Вести

Граѓаните го избираат петтиот претседател, прв на Република Северна Македонија

Во Република Северна Македонија денеска се одржува првиот круг од шестите претседателски избори. Во претседателската трка се кандидатот на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски, на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска-Давкова и Блерим Река, кој е поддржан од […]