Туристичките работници не отстапуваат од ултиматумот за превозот и платите



Скопје, 10 август 2020 () – Ослободување на превозот од досегашниот протокол од 50 на 100 проценти капацитет и субвеционирање на плати е ултиматумот кој го поставија туристичките агенции до 15 август. Туристичките работници бараат Владата и Комисијата за заразни болести итно да го променат овој проткол за автобусите, бидејќи, како што посочуваат во соопштението, во ниту една земја во светот не постои таква одлука.

– Дали авион со 150 патници е побезбеден од автобус со 50 во кој се почитуваат сите здравствени протоколи? Додека се донесува одлука за враќање на децата во училишта, имаат време и да го разгледаат овој проблем, се вели во соопштението од туристичките работници.

Доколку не добијат субвенции за плати, велат, приморани се да стават клуч на врата, а со тоа, како што нагласуваат, пропаѓаат сите можности за обештетување на стотици илјади граѓани кои уплаќале за своите патувања.

– Никој не сака да живее на товар од државата, но таа мора да застане на страната на секторите кои паднаа колена со појавувањето на корона кризата, реагираат туристичките работници.

Додека државите се обидуваат да им помогнат на сите дејности, особено туризмот, наведуваат, нашата дополнително ја оневозможува и отежнува ситуацијата.

– Зошто никој ниту еднаш не излезе со конкретен одговор досега за кое било од нашите барања? Зошто државата се крие зад изговорот дека се чека Влада да се оформи, а во меѓувреме донесуваат други „важни“ одлуки? Зарем ние не сме важни? Кому му одговара да потоне туризмот и зошто свесно се избегнуваат нашите апели? Дали некој од министрите за економија, финансии, здравство и надворешни работи воопшто имаат совест? Додека сите тие заминаа на годишен одмор и покрај препораките да не се патува, ние не знаеме како да ги подмириме трошоците, се вели во соопштението.

Туристичките работници најавуваат масовни протести и блокирање на сите улици, доколку оваа недела не се донесат овие одлуки.

 


Продолжи собраниската расправа за избор на нова влада - МИА
Вести

Седница за избор на заменици министри – пратениците расправаат за образованието, Гоце Делчев, Ковид-19

– Собранието попладнево ја продолжи 13 седница, на чиј дневен ред е Предлогот за именување на заменици на министри во Владата. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски процедурално изрази револт од начинот на […]

Продолжи собраниската расправа за избор на нова влада - МИА
Вести

Почна собранискара расправа за избор на заменици на министрите во Владата

– Справување со последиците од пандемијата, зачувување на работните места, создавање функционална економија и враќање на економскиот раст на 4 отсто, унапредување на животниот стандард на граѓаните и натамошен раст на платите, силни институции, неселективна правда […]

Вести

Нови 88 случаи на Ковид-19 од 1618 тестирања, петмина починати и 135 оздравени

-Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1618 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-45, Куманово-4, Штип-1, Прилеп-7, Тетово-6, Струга-3, Битола-2, Охрид-3, Гостивар-1, Струмица-7, Крива Паланка-2, Кочани-3, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*