Тимот на ФЕИТ победи на балкански инженерски натпревар

Тимот  на студентите на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) наречен „Space Divers“ победи во категоријата „Case Study“ на инженерскиот натпревар „European Best Engineering Competition“ и со тоа се пласира за учество на европската финална рунда во Торино, Италија што ќе се одржи летово.

„Case Study“ e интензивна анализа што дава конкретно решение на некој технолошки или менаџерски проблем.

– Како претставници на државата и на ФЕИТ, со знаење и тимски дух и благодарение на она што сме го научиле и добиле од Факултетот, заслужено го освоивме првото место и обезбедивме понатамошен пласман на европско ниво. Успехот што го постигнавме е и успех на самиот факултет, вели Бојан Страчковски, лидер на тимот.

За деканот на ФЕИТ, професор д-р Димитар Ташковски и оваа победа на студентите претставува доказ за вистинската едукација во рамки на Факултетот.

– Огромна чест и задоволство е да се примаат студенти кои освоиле прво место на меѓународен натпревар. Ова за нас претставува само потврда дека како Факултет успешно и правилно ги едуцираме студентите и освен теоретски, тие добиваат и практични знаења. Секако, им посакувам уште многу успеси на нашите студенти, рече Ташковски.

Натпреварот е наменет за поттикнување на креативното размислување за решавање на комплексни проблеми, и се одржува во три рунди: локална, регионална и финална рунда.

Ова е десетта година како тимовите од нашата држава учествуваат на овој натпревар.

Вести

Извршена еутаназија врз златната параолимпијка Верворт

Белгиската параолимпијка, Марик Верворт, го активираше барањето за еутаназија, што значеше крај на нејзините маки, и смрт. Верворт која имаше 40 години, а на Параолимписките игри во Лондон 2012 година освои златен медал во трката […]

Бизнис

„Герешајмер“ го означи почетокот на изградба на новата фабрика во Бунарџик, ќе вработи 400 луѓе

Германската компанија „Герешајмер“ денеска во Технолошко индустриската развојна зона Бунарџик го означи почетокот на изградба на новата фабрика за медицинска пластика. Ова е прва фабрика на реномираната германска компанија во Југоисточна Европа, а земјава беше […]

Вести

Одобрени 60 милиони денари за чистење на линданот во ОХИС

Владата на денешната 160-та редовна седница донесе одлука за одобрување на 60 милиони денари од Буџетот за 2019 година за чистење на индустрискиот токсичен отпад (линдан) во поранешната фабрика ОХИС во Скопје. Средствата, како што […]