Транспаренси Интернешнл Македонија во рамки на проектот „ЕУ4 Владеење на правото: Граѓански ангажман за јавен интегритет во Западен Балкан и Турција“ подготвува нов извештај за напредокот на столбовите на државното уредување и нивно оценување во рамки на Националниот систем за интегритет. Оценката се оформува според методологија подготвена од страна на Секретаријатот на Транспаренси Интернешнл.
ТИ-Македонија оцени 75% исполнетост на препораките кои се однесуваат за подобрување на условите на работата на граѓанските организации, како и изготвување на Кодекс на етика за саморегулација на граѓанските организации.
Во рамките на овој извештај е направена анализа и е дадена оценка за 15 столбови, кои се дел од државното уредување на земјата, а се дадени и препораки.
ТИ-Македонија, меѓу другото препорачува Владата да ги подобри и да ги направи транспарентни постапките за консултации во врска со политиките со групите граѓански организации, да ги финансира активностите на ГО преку транспарентен и партиципативен процес, ослободен од несоодветно влијание, и да воведе даночни олеснувања за ГО. На граѓанските организации, пак, им се препорачува да се саморегулираат и да изготват Кодекс на етика.