Телефонски разговор Османи-Лавров, разменија мислења за најактуелни прашања поврзани со функционирањето на ОБСЕ

1693403149_1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во својство на Претседавач со ОБСЕ, оствари телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров.


На разговорот, министерот Османи се осврна на предизвиците во регионот на ОБСЕ и ја повтори приврзаноста на Претседавањето на Северна Македонија кон почитување на темелните принципи и заложби на ОБСЕ. Во тој контекст, уште еднаш ја потенцираше неопходноста од прекин на агресијата, повлекување на руските воени сили од Украина и почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

Во продолжение, министрите Османи и Лавров разменија мислења за најактуелни прашања поврзани со функционирањето на ОБСЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK