Тасевски – Терзиќ: Без добри меѓусоседски односи не можат да се остварат стратешките цели

tasevski terzikj
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Продолжува соработката помеѓу полицијата на Република Северна Македонија и Црна Гора, особено во областа на сузбивање на организираниот криминал, финансиски истраги, како и од областа на јавниот ред и мир. Ова беше заклучокот на средбата помеѓу директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски и директорот на полицијата на Црна Гора, Никола Терзиќ.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на средбата, која беше остварена во рамки на 50 Европска Регионална Конференција на ИНТЕРПОЛ, која се одржува во Охрид, посакувајќи ѝ добредојде на црногорската делегација, директорот Тасевски се заблагодари на колегата Терзиќ за нивното присуство на Конференцијата, како и на Свечената церемонија по повод 7 Мај – Денот на македонската полиција.


– Од страна на директорот Терзиќ беше упатена благодарност за поканата, како и честитки за организацијата на високо ниво и за двата настани. Воедно, директорот Терзиќ истакна дека им е укажана голема чест на Црна Гора од страна на Република Северна Македонија, за овозможување на лична средба со претседателот на ИНТЕРПОЛ, генерал мајор Ахмед Насер Ел-Рајси, велат од МВР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK