СЗПМ: Пензионерите да носат маски и да одржуваат физичка дистанца


СЗПМ: Пензионерите да носат маски и да одржуваат физичка дистанца - МИА

Скопје, 29 мај 2020 () – Сојузот на здруженија на пензиoнерите на Македонија (СЗПМ) ги поздравува мерките на Владата за слободно движење на сите граѓани, вклучувајќи го и бесплатниот автобуски превоз за корисниците на пензија.

– Се апелира до пензионерите доследно да ги почитуваат мерките за носење маски и одржување на социјална, односно физичка дистанца, а автобускиот превоз да го користат само во случаи кога тоа е неопходно потребно. Се упатува апел и до сите приватни и државни субјекти (банки,пошти, маркети и др. ) предност да се дава на пензиoнерите бидејќи тие се ризична целна група каде степенот на превенцијата треба да биде на повисоко ниво, се вели во соопштението од Сојузот на здруженија на пензиoнерите на Македонија.

Пензионерите и понатаму, со право, како што се наведува, очекуваат дека ќе бидат опфатени со мерките на Владата предвидени во третиот пакет.


Партиите не отстапуваат од средби со граѓаните, но ветуваат почитување на мерките - МИА
Вести

Предизборната кампања на средина, се вжештува реториката

– Предизборната кампања за предвремените парламентарни избори на 15 јули е на средина, а партиите ја вжештуваат дебатата за економијата, правната држава и корупцијата. Партиите своите изборни програми и денеска ќе ги претстават на средби […]

Засега нема препорака за затворање на границите со Србија и со Косово - МИА
Вести

Засега нема препорака за затворање на границите со Србија и со Косово

Скопје, 4 јули 2020 () – Засега нема препорака од Комисијата за заразни болести ниту пак одлука за затворање на границите со Србија и со Косово, потврди вчера премиерот Оливер Спасовски и истакна дека во […]

Бројот на заболени од Ковид-19 и натаму висок, повторно се апелира на почитување на мерките за заштита - МИА
Вести

Бројот на заболени од Ковид-19 и натаму висок, повторно се апелира на почитување на мерките за заштита

Скопје, 4 јули 2020 () – Бројот на заразени со коронавирус во државава и натаму е висок. Според вчера објавените податоци, нови 165 случаи со Ковид-19, седум починати и 128 оздравени се регистрирани во државава. […]