Светски ден на метрологијата


Во Скопје денеска ќе биде одбележан Светскиот ден на метрологијата – 20 мај. На одбележувањето што го организиран Бирото за метрологија, ќе се обратат министерот за економија Крешник Бектеши, амбасадорот на ЕУ во Скопје Дејвид Гир и директорката на Бирото, Мерита Мустафаи.Светскиот ден на метрологијата го слави потпишувањето на Метарската конвенција во која членува и Република Северна Македонија преку Бирото за метрологија. Конвенцијата ја постави рамката за глобална соработка помеѓу науката за мерење и нејзините индустриски, комерцијални и општествени апликации.