
Денес во Штип на плоштадот „Слобода“ беше одржан студентски марш против Законот за употреба на јазиците и за одбрана на идентитетот и држава. Голем број на млади граѓани излегоа да го искажат својот револт.
„114 години од херојската смрт на Гоце Делчев и 11 години живот на неговите беспрекорни идеали пренесувани преку образовното предание на нашите професори. Ние, студентите, интелектуалниот столб на нашето општество и иднината на оваа држава, им го честитаме патрониот празник на Универзитетот „Гоце Делчев“ со јасна порака за сплотеност на студентското тело и универзитетскиот кадар, во заедничката борба за достоинствена иднина и одбрана на нашиот идентитет и држава“, велат студентите од Штип.
извор: macedonia365.com