Сто деведесет и девет новозаболени од Ковид-19, 120 оздравени и осум починати


Сто деведесет и девет новозаболени од Ковид-19, 120 оздравени и осум починати - МИА

Скопје, 11 јули 2020 () – Сто деведесет и девет нови случаи на заболени се регистрирани изминатите 24 часа, од кои најголемиот број се во Скопје – 90. Оздравени се 120 лица, а од болеста починале осум лица.

Во изминатите 24 часа направени се 1545 тестирања, а од новорегистрираните случаи, 90 се во Скопје, а потоа следуваат Куманово-17, Дебар-6, Штип-9, Прилеп-3, Тетово-12, Струга-12, Битола-2, Охрид-4, Кавадарци-2, Гостивар-5, Струмица-2, Радовиш-1, Крушево-1, Пробиштип-3, Демир Хисар-1, Свети Николе-24, Кичево-3, Ресен-2.

Од 120-те оздравени, кои ги регистрира денеска Институтот за јавно здравје 94 се од Скопје, по што следуваат Дебар-1, Штип-4, Прилеп-1, Тетово-9, Струга-1, Охрид-6, Гостивар-2, Крушево-1, Македонски Брод-1.

Од осуммината починати, еден е пациент од Скопје, еден од Штип, четири од Тетово и двајца пациенти од Струга.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починати се тројца пациенти на возраст од 24, 63 и 64 години. Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка на возраст од 54 години. Во КБ Тетотво починати сe двајца пациенти на возраст од 70 и 74 години.  Во Струга во Завод за нефрологија е починат пациент на возраст од  56 години, во ОБ Струга почина пациентка на возраст од 83 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7975,  бројката на оздравени пациенти е 4080, на починати е 376, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3519. Од вчерашните тестирања еден е контролен тест, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 3803, активни 1864
• Куманово 848, активни 181
• Дебар 143, активни 81
• Штип 430, активни 165
• Прилеп 294, активни 61
• Тетово 856, активни 323
• Струга 312, активни 156
• Велес 201, активни 38
• Битола 70, активни 29
• Охрид 223, активни 131
• Кавадарци 25, активни 17
• Гостивар 216, активни 131
• Гевгелија 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 22, активни 13
• Крива Паланка 19, активни 9
• Радовиш 5, активни 1
• Крушево 10, активни 5
• Кочани 76, активни 16
• Пробиштип 35, активни 23
• Демир Хисар 6, активни 5
• Македонски Брод 8, активни 5
• Пехчево 6, активни 2
• Берово 4, активни 1
• Валандово 6, активни 0
• Виница 4, активни 1
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 5, активни 2
• Свети Николе 112, активни 105
• Кичево 68, активни 59
• Ресен 134, активни 89
• Неготино 21, активни 3 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1545 теста се преку: ИЈЗ-641, ЦЈЗ Скопје-23, Авицена-208, Биотек-102, МАНУ -134, Жан Митрев (Филип Втори) -228, Систина со PCR метода -181, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-27, лаборатории од странство-1. Досега во земјата се направени вкупно 76.107 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 62 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 21 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 3 деца позитивни и 4 деца со мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 14 нови, вкупно хоспитализирани се 96 пациенти. На респираторна машина се 2 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 39, а во болницата во Штип се хоспитализирани 50пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар и Струмица се хоспитализирани 111 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 309
• Аеродром – 157
• Бутел – 137
• Гази Баба – 193
• Центар – 143
• Карпош – 143
• Сарај – 124
• Кисела Вода – 108
• Ѓорче Петров – 101
• Студеничани – 110
• Шуто Оризари – 82
• Арачиново – 45
• Илинден – 28
• Петровец – 18
• Чучер Сандево – 11
• Сопиште – 9
• Зелениково13
• Странец – 5

• Нераспределен128.


Вести

Осумдесет и осум нови случаи на заболени од Ковид-19, шестмина починати и 113 оздравени

Скопје, 5 август 2020 () – Осумдесет и осум случаи на заболени од Ковид-19 се регистрирани изминатите 24 часа, шест лица починаа, а 113 се оздравени. Направени се 1507 тестирања, а од новорегистрираните случаи 23 […]

Вести

Во експлозијата во Бејрут загинаа најмалку 78 луѓе, а околу 4.000 се повредени

Бејрут, 5 август 2020 () – Најмалку 78 лица загинаа, а околу 4.000 се повредени во  експлозијата што вчера се случи во пристаништето во центарот на Бејрут, соопштија либанските власти. Тој дел од градот е […]

Пет починати, нови 75 заразени и казни за непочитувачите на протоколите против Ковид-19 во Охрид - МИА
Вести

Пет починати, нови 75 заразени и казни за непочитувачите на протоколите против Ковид-19 во Охрид

Скопје, 5 август 2020 () – Нови 75 случаи позитивни на коронавирусот вчера беа регистрирани од направени 830 тестирања. Во претходното деноноќие беа регистрирани и пет смртни случаи, а оздравени 136 пациенти. Во земјата досега […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*