Стипендии за студии во Турција за академската 2021/2022 година


Амбасадата на Турција во Скопје известува за повик за студенти од земјава за аплицирање за стипендии во рамки на програмата „Turkiye Scholarships” за академската 2021/2022 година.



– Заинтересираните кандидати може да аплицираат за стипендија наменета за додипломски, магистерски или докторски студии, непосредно и индивидуално преку веб- страницата www.turkiyeburslari.gov.tr каде што може да се најдат и сите потребни информации за повикот, објави Министерството за образование и наука.

Рокот за поднесување на апликациите е 20 февруари 2021.