ССМ: Да ја спречиме злоупотребата на финансиска помош за работниците погодени од здравствено-економската криза


ССМ: Да ја спречиме злоупотребата на финансиска помош за работниците погодени од здравствено-економската криза - МИА

Скопје, 5 јуни 2020 () – Од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) соопштија дека до нив биле упатени низа поплаки кои укажуваат дека некои од компаниите кои се корисници на финансиска помош од државата за исплата на плата во висина од 14.500,00 денари, со злупотреба на Законот за работните односи, на своите вработени им исплаќаат понизок износ на плата од она кое што го добиле како помош.

– Од тие причини, ССМ се обрати до Управата за јавни приходи за информација, кои компании, корисници на финансиската помош, исплатиле плата пониска од 14.500,00 на работниците. Исто така, ССМ се обрати и до Државниот трудов инспекторат за преземање на сите соодветни мерки, истакнаа од Синдикатот.

Од ССМ порачаа дека ќе ги преземе сите законски инструменти на располагање, сѐ со цел да се спречи злоупотребата на правата од работен однос и на најпогодените работници да им обезбеди основни услови за егзистенција се до конечно надминување на кризата.

Имено, во текот на месеците април и мај, од страна на Владата на РСМ беа донесени неколку уредби со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравственоекономската криза предизвикана од коронавирусот Ковид-19, заради исплата на платите за месеците април и мај 2020 година.


Партиите не отстапуваат од средби со граѓаните, но ветуваат почитување на мерките - МИА
Вести

Предизборната кампања на средина, се вжештува реториката

– Предизборната кампања за предвремените парламентарни избори на 15 јули е на средина, а партиите ја вжештуваат дебатата за економијата, правната држава и корупцијата. Партиите своите изборни програми и денеска ќе ги претстават на средби […]

Засега нема препорака за затворање на границите со Србија и со Косово - МИА
Вести

Засега нема препорака за затворање на границите со Србија и со Косово

Скопје, 4 јули 2020 () – Засега нема препорака од Комисијата за заразни болести ниту пак одлука за затворање на границите со Србија и со Косово, потврди вчера премиерот Оливер Спасовски и истакна дека во […]

Бројот на заболени од Ковид-19 и натаму висок, повторно се апелира на почитување на мерките за заштита - МИА
Вести

Бројот на заболени од Ковид-19 и натаму висок, повторно се апелира на почитување на мерките за заштита

Скопје, 4 јули 2020 () – Бројот на заразени со коронавирус во државава и натаму е висок. Според вчера објавените податоци, нови 165 случаи со Ковид-19, седум починати и 128 оздравени се регистрирани во државава. […]