Средба на Заев со претставници на Здружението за заштита на правата на акционери во „Топлификација“


Средба на Заев со претставници на Здружението за заштита на правата на акционери во „Топлификација“ - МИА

Скопје, 10 септември 2020 () – Претседателот на Владата, Зоран Заев, придружуван од вице-премиерот задолжен за економски прашања и координација со економските ресори Фатмир Битиќи, се сретна со претставници на Здружението за заштита на правата на акционери во „Топлификација“ АД.

На средбата, како што соопшти владината Прес-служба, било истакнато дека Владата и во новиот мандат останува посветена на подобрување на економскиот просперитет на сите граѓани, создавање независни институции и обезбедување на механизми во делот на владеење на правото за градење силна, независна и просперитетна држава.

На состанокот, претставниците на Здружението за заштита на правата на акционери во „Топлификација“ АД информираа за дел од проблемите со кои се соочуваат во изминатиот период.

Соговорниците, како што се наведува во соопштението, ја поздравија заложбата на премиерот Заев да ги разгледа нивните предлози и можни решенија во рамките на надлежностите од делокругот на Владата.


Вести

Радикален исламист вооружен со нож уапсен во центарот на Лион

Француската полиција уапси радикален исламист во центарот на Лион. Според информациите објавени од француските медиуми, уапсеното лице (роден 1994 година) им било од претходно познато на разузнавачките служби. Тој бил облечен во џелаба и воена […]

Пендаровски со порака до учесниците во Охрид Ултра-Треил – Одржувањето на трката и покрај пандемијата говори за истрајност, солидарност и тимски дух - МИА
Вести

Нема потреба од нова вонредна состојба, став на Советот за безбедност

Нема потреба од воведување нова вонредна состојба, досегашните мерки и препораки за заштита од Ковид-19 се во насока на максимална заштита на здравјето на граѓаните, порачаа денеска претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и министерот […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*