На денешната 50. Европска регионална конференција на Интерпол, која се одржува во Охрид, а чиј домаќин и соорганизатор е Република Македонија, се одржа билатерална средба помеѓу директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски и генералниот секретар на ИНТЕРПОЛ, Јирген Шток.
Како што соопшти МВР, на средбата и двајцата соговорници го потврдија големото значење од континуирано разменување оперативни информации, сознанија и податоци од областа на организираниот криминал, тероризам, проверка за оригиналност на документи, идентификација на лица во рамките на ИНТЕРПОЛ.
-Меѓу другото, особено се стави акцент на хибридните закани како еден од безбедносните предизвици со кои се соочува светот денес, како и на борбата против глобалните закани како што се тероризмот и сајбер криминалот кои поттикнуваат неопходна соработка и координиран пристап помеѓу државите со цел нивно сузбивање, се наведува во соопштението.
Тасевски и Шток изразиле благодарноста за досегашната соработка, како и отвореноста за продлабочување на истата.