Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на покана на градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски по повод големиот верски празник „Успение на Пресвета Богородица“ денеска беше во посета на Берово. Овој голем верски празник во Берово се прославува со голем пиетет и масовна посетеност од беровчани и граѓани од целиот регион. Спасовски се прошета по беровска чаршија, а го посети и манастирот „Успение на Пресвета Богородица“.
Претходно Спасовски присуствуваше и во Крива Паланка на одбележување на Денот на Рударите – 28 Август.
„Да напредуваме сите заедно, да се радуваме на просперитетот на државата, заедно да го изодиме патот кон иднината, онаму каде што припаѓаме, во европското семејство“, изјави Спасовски.