Спасовски: Испитувањата за дали пожарот придонел за намалување на статиката на мостот, не е обврска на МВР

спасовски
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Извештаите кога ќе бидат готови ќе бидат доставени до надлежните институции, тоа што е работа на МВР. Инаку, испитувањата што треба да бидат направени дали пожарот придонел за намалување на статиката на мостот не е обврска на МВР. Вака денеска одговори министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на новинарско прашање околу тоа кога ќе се испратат извештаите за опожарениот мост „Беласица“ на Вардар во Скопје, кај трговскиот центар „Ист гејт“.

Пожарот бил пријавен на полноќ меѓу 11 и 12 мај, а изгасен бил во четири часот наутро. Оттогаш, мостот е затворен за сообраќај.


Спасовски беше прашан и околу тоа дека граѓани губат термин за да извадат нов пасош и лични документи поради сменети улици.

– Промената на улиците е направена од Градот Скопје и тоа не е првпат. Овде стана традиција во Скопје на секои 2-3 години да се менуваат улиците како ќе му текне на градоначалникот. Мислам дека ова прашање најдобро може да го одговорат токму градските власти, заради тоа што јас не гледам причина на секои две години да се менуваат улиците. И второ, постои систем – при промена на улиците, тие треба да се очитаат во Централниот регистар и да може да се користат во базата. Сѐ додека немаме ние потврда во базата, односно да се достават тие документи дека има промена на улиците таму каде што се појавуваат проблеми, ќе мораме да имаме доказ врз основа на којшто тоа го прави. Така што, еве и апел упатувам до другите институции коишто се надлежни во овој дел, да ги отстранат тие пречки за да можат граѓаните да имаат и побрза и поефикасна услуга, одговори министерот.

Тој посочи дека треба таа информација да се побара од страна на Град Скопје, да ги кажат причините, зошто ги направиле тие промени и зошто не ги завршиле сите потребни постапки, се со цел да имаат граѓаните подобар пристап.

Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го промовираа е-државјанство.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK