Соопштение од М-НАВ АД Скопје за објавениот конечен извештај од Државниот завод за ревизија


Соопштение од М-НАВ АД Скопје за објавениот конечен извештај од Државниот завод за ревизија - МИА

27 мај 2020



Соопштение за јавност

Во врска со последните натписи објавени во неколку електронски медиуми поврзани со објавениот Конечен извештај за извршена ревизија на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност на М-НАВ АД Скопје би сакале да Ве известиме за следното:

· По претходно спроведена постапка за долгорочно задолжување кај меѓународна финансиска институција, истата спроведена во координација со Министерството за финансии и Министерството за транспорт и врски, М-НАВ АД Скопје на 24.09.2013 година потпиша Договор за заем со ЕБОР за финансирање на “Проектот за модернизација на М-НАВ/ Надградба на македонскиот систем за воздухопловна навигација – втора фаза“ без обезбедување со државна гаранција, во износ од 11.150.000,00 ЕУР кој воедно е четврта кредитна линија склучена со ЕБОР, при што сите постапки и процедури за набавка се спроведуваат согласно Политиките и правилата за набавка на ЕБОР (EBRD Procurement Policies and Rules).

Со Договорот за заем од 2013 г. се опфатени повеќе проектни компоненти за набавка на комуникациски системи, радарска и метео опрема, а како примарна компонента е набавка, инсталирање и тестирање на АТМ Систем вклучувајќи и техничко-оперативна сала за истиот.

До 2017 година наведените проекти требало да бидат реализирани, но истите не биле реализирани и каматите на повлечените средства од ЕБОР до тој период изнесувале 243.000,00 ЕУР. По доаѓањето на новиот менаџмент во август 2017 година, извршена е ревизија на проектите при која се констатирани сериозни пропусти посебно во делот на поставување на стратешка инфраструктура на приватно земјиште – радар, за кое поради месечна закупнина од 500 евра во период од 20 години требало да се издвојат на приватно лице со што би се оштетил буџетот на М-НАВ АД Скопје во вкупен износ од 120.000 евра и да се потпише договор за отпочнување на градба на нова сала и нов АТМ систем на се уште не е обезбедено легализирано земјиште со АУП и дозвола за градба.

При крајот на 2017 година и почетокот на 2018 година најпрво се изготви договор за обезбедување на земјиште за новата сала и новиот систем кое што беше отстапено од страна на ТАВ, а до пред потпишување на Договорот се обезбеди и маркицата на истото односно беше изготвен нов Архитектонско Урбанистички План и се обезбеди дозвола за градба. Во однос на радарот беше обезбедена нова локација на државно земјиште и истиот ќе биде поставен без никаков финансиски надомест. Поради наведените пропусти дојдено е до задоцнувањето на реализација на овие два проекта опфатени во Договорот за заем потпишан со ЕБОР. Мораме да нагласиме дека во период од три години новиот менаџмент доведе четири проекти до завршна фаза и го заврши најобемниот процес изглед и начин на функционирање на новиот АТМ систем, заедно со експерти од Еуроконтрол и консултантот од Франција, Егис Авиа, со што се одобри отпочнување на негово производство. За преостанатите два проекти се изготвија нови технички спецификации и истите се на одобрување пред објавување во Европската Банка за обнова и Развој.

· Во однос на делот каде што се наведува незаконско трошење на гориво веќе беа покренати и завршени судските постапки кон вработените вклучени во оваа злоупотреба и согласно судско вештачење надоместена е финансиската штета по тој основ.

· За тврдењата во Извештајот за вработувањата , односно критериумите за вработување, начинот на прераспоредување на постојните вработени, исплатите на додатокот за прекувремена работа и делот на адвокатски услуги од страна на М-НАВ АД Скопје беа доставени забелешки, но истите не беа прифатени од за нас неразбирливи причини и на нас останува да постапиме по препораките од ДЗР.

· Ве известуваме дека активностите поврзани со реализација на препораката за просторијата издадена под закуп за ресторанот од затворен тип, наменет само за вработените на Друштвото, се во тек. УО веќе постапува по препораката за ДЗР.

· Во врска со забелешката дека земјиштето, односно административниот објект Лазар Поп Трајков, кој што е завршен во 2017 година и во моментов е сместен финансово правниот сектор, и покрај неколкуте одржани состаноци со надлежните служби сеуште не е извршен технички преглед на градбата, бидејќи се чека од страна на Министерството за транспорт и врски и Општина Центар објектот да биде впишан во АУП . Имено, напоменуваме дека во овој деловен објект лоцирани се повеќе државни иституции и М-НАВ АД Скопје има само 8% од вкупниот простор.

· Како еден од најзначајните резултати од работењето на новиот менаџмент во последните три години е фактот дека основната главнина на Друштвото е зголемена за огромни 5 милиони евра и направено е значително намалување на непродуктивните расходи со што се докажа посветеноста и професионалниот однос.

Со почит,

АД М-НАВ Скопје

– овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.