Сообраќајот умерен, снег на повисоките места и во реони јужните и западните делови на земјата


– Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози. Снег паѓа на Попова Шапка, во Битола, Охрид, Ресен, Железнец, Демир Капија и на планинските премини Ѓавато и Буково.



АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15 ноември започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март годинава.