Сообраќајните контроли откриваат многу примери на непридржување на уредбата за задолжително носење заштитна маска во јавниот превоз


Филипче: Секој од нас има одговорност да се грижи и за здравјето на тие околу себе, да бидеме одговорни – да носиме заштитна маска - МИА

 – Од 74 казнети во изминатото деноноќие за неносење заштитни маски за спречување на коронавирусот дури 48 се лица кои се однесувале спротивно на владината уредба и не носеле маска кога се превезувале во такси-комбиња и сличен јавен превоз, информираат од СВР Тетово.

-Секторот за внатрешни работи Тетово-Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово деновиве значително ги интензивираше активностите за контрола на возилата кои вршат јавен превоз, автобуси и комбиња, пред се како и колку тие ја почитуваат владината Уредба за задолжително носење на заштита на лицата и протоколите за работа, односно колку патници превезуваат и дали се придржуваат на максимално дозволениот број патници, вели портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Речиси редовно при сообраќајните контроли на јавниот превоз, полицајците наидуваат на состојба во која само малкумина носат маски за заштита.

-Активностите со несмалена динамика ќе продолжат и наредните денови и нема да се толерираат никви пропусти и недостатоци на овој план, а покрај физичките ќе се санкционираат и правните лица и возилата ќе бидат исклучувани од сообраќај, потенцира портпаролот Јосифоски.

Од 1 мај до 15 септември тетовската полиција евидентирала 3.676 поднесоци за неносење заштини маски. 


Вести

Бројот на потврдени случаи на коронавирусот во светот е близу 45 милиони

Бројот на потврдени случаи на Ковид-19 во светот е близу 45 милиони, досега починале 1.169.595 лица или околу четири проценти, а 32.347.529 луѓе закрепнале. Во моментов има 10.621.774 активни случаи, според податоците на интернет страницата […]

Вести

Нови 628 случаи со Ковид-19, починати 15, оздравени 531 пациент

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се направени 2236 тестирања, а регистрирани се 628 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-353, Куманово-33, Штип-13, Прилеп-36, Тетово-33, Струга-11, Велес-34, Битола-28, Охрид-17, Кавадарци-7, Гостивар-7, Струмица-20, Крива […]

Членовите на избирачките одбори ќе добијат за сто проценти повисок надоместок, одлучи ДИК - МИА
Вести

ДИК ги потврди новите пратеници во Собранието

– Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 89. седница ги потврди новите пратеници – Мирче Аџиоски во ИЕ5 од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“, Рина Ајдари за ИЕ6 од ДУИ, Мирослав Јовановиќ и Лидија […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*