Сончево и топло време со мала до умерена локална облачност

oblacno_oblak_#45354
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 15, а максималната ќе достигне од 25 до 31 степен.

Во Скопје претежно сончево и топло со слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 29 степени.



До сабота ќе преовладува сончево и топло време. Во недела ќе има значителна промена на времето со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Ќе дува засилен северен ветер, кој ќе продолжи да дува и во понеделник и ќе предизвика значителен пад на температурата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK