Сојузот на синдикати на Македонија упати писмо до Владата за поддршка на СМИА и Управниот одбор на МИА за покачување на платите

mia
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Сојузот на синдикати на Македонија денеска упати писмо до Владата во кое дава целосна поддршка на Синдикатот на медиумски и информативни агенции (СМИА) и на Управниот одбор на МИА за нивните заложби за зголемување на платите.

– Во изминатиот период вработените во националниот сервис МИА се револтирани поради тоа што нивните плати не се зголемени иако за зголемување на платите како што веќе и наведовме до Влдата се обратил и Управниот одбор со барање Владата како основач да донесе одлука и да им дозволи да ги зголемат платите имајќи во предвид дека тоа е во рамки на планираните расходи за плати утврдени во Финансискиот план за 2023 година и поради фактот што за зголемување на платите не се потребни допилнителни финансиски средства од Буџетот, се вели во писмото.


Од ССМ бараат Владата да излезе во пресрет на барањата на СМИА и на Управниот и Надзорниот одбор на МИА за да се овозможи зголемување на платите на вработените за кои не се потребни дополнителни финансиски средства од Буџетот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK