Делегација од Собранието на Република Северна Македонија, од 4 до 6 декември 2023 година, беше вo работна посета на Државниот збор на Република Словенија и заштитената соба во организација на Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор (ДЦАФ).
Во состав на Делегацијата, се пратениците Игор Јанушев, Љупчо Пренџов и Марија Костадинова, заменик-генералниот секретар на Собранието на Република Северна Македонија, Бојан Василевски, во придружба на претставници од стручната служба на Собранието на Република Северна Македонија.
Во текот на посетата беа остварени средби со пратеници и претставници од стручната служба од Државниот збор на Република Словенија, при што беа разменети искуства во врска со работата и процедурите на заштитената соба во Државниот збор.