Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) уште повеќе го навлече гневот на граѓаните и на пациентите откако на брифингот со новинарите раководните лица на оваа институција рекоа дека вината за случајот со Леонид Игнов не ја гледаат во себе.
За ФЗОМ, виновна е првостепената лекарска комисија која не ги содржела конкретните побарувања за пациентот да добие одобрување за рехабилитација, но и непроменетиот закон со кој истата рехабилитација не е дел од трошоците кои ФЗОМ ги покрива за лекување во странство. ФЗОМ не откри дали постои можност како институција да одлучи младиот Леонид да биде испратен на рехабилитација и вината ја префрли врз законодавниот дом и законот за Законот за здравствено осигурување
Продолжете со читање на a1on.mk