Славијанка Петровска позитивна на коронавирус, качила температура додека била на седница во Собранието


Актуелната пратеничка во Собранието од СДСМ и поранешна дополнителна заменичка на министерот за внатрешни работи во техничката влада, Славијанка Петровска објави дека е позитивна на коронавирус.



Почитувани пријатели, Денес попладнево ненадејно добив покачена температура и омалаксаност додека бев на седница на…

„Денес попладнево ненадејно добив покачена температура и омалаксаност додека бев на седница на Собрание. Попладнево се тестирав и за жал резултатот е позитивен. Изминативе денови имав ограничени движење и физичко присуство на состаноци, каде постојано носев заштитна маска. Ги почитував правилата, но очигледно е дека имало момент на невнимание. Ве замолувам бидете внимателни, болниците се преполни, лекарите изморени, а ние сме лесни ранливи. Чувајте се“, напиша Петровска.