Времен режим на сообраќај на улицата „Даме Груев“ во Центар

rabota_znak_345354
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Поради асфалтирање на коловозот со втор слој асфалтна маса на ул. „Даме Груев“ во насока на движење од крстосницата со улица „Димитрие Чуповски“ до улица „Македонија“, во периодот од 8 до 15 часот, ќе биде воведен времен режим на сообраќај.

Како што информираат од ЈП Улици и патишта Скопје, времениот режим ќе биде обележан со соодветна сигнализација, а поради изведба на градежните активности ќе биде затворена една, а потоа и другата лента на коловозот.


Од ЈП Улици и патишта Скопје апелираат до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK