Урбани џентлмени со олтајмери ќе дефилираат во чест на машкото здравје


– Глобалниот хуманитарен хепенинг „The Distinguished Gentleman’s Drive“ денеска по вторпат ќе се одржи во земјава. Урбаните џентлмени со нивните олтајмери годинава повторно ќе се обидат да ја подигнат свеста за машкото здравје и да соберат средства за борба против рак на простата.

 

 

Дефилето ќе почне точно на пладне од централното градско подрачје од каде учесниците ќе се упатат кон археолошкиот локалитет Стоби, каде е организирано разгледување на локалитетиот по што карванот ќе продолжи кон винаријата Стоби.

 

– Да се биде дел од ова глобално хуманитарно движење секако е чест, но и обврска. Минатата година, Скопје и официјално стана дел од ова движење, кое ги обединува пасионираните заљубеници на класичните авотмобили и модата во борбата против машките болести, вели Игор Стефановски, претседател на македонското здружение „Gentleman’s Crew“.

Минатата година, на глобално ниво за борба против ракот на простата се собрани над 200,000 долари. Глобално во настанот се вклучија над 143 градови ширум светот, во 54 држави.