– Во паркот Гази Баба во Скопје денеска ќе се одржи прослава по повод Денот на Европа во организација на Јуроп хаус Скопје.
Како што соопштуваат оттаму, денот ќе биде исполнет со разни музички настани, спортски и едукативни активности, како и изложби и активности за најмладите.
Во музичката програма предвидено е свој настап да имаат Влатко Стефановски Трио, Këpurdhat, Црно Собрание, Новиот Почеток, Џез трио Зулу 3.4, Антони Весковски, Искра и диџеј Double G.
Од Јуроп хаус додаваат дека настанот има цел да собере луѓе од различни профили и да ги прикаже вредностите на европската идеја дека „иднината нè поврзува!“, а на настанот ќе биде присутен и амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир.