Градот Скопје заедно со општина Карпош, денес поднесе пријава против НН сторител поради оштетување на јавен имот и саботажа откако на т.н. „Железнички Мост“ во општина Карпош на булеварот Васил Чакаларов во текот на вечерта намерно се исечени и оштетени електрични и комуникациски кабли.
Не сакаме да веруваме дека станува збор за намерна саботажа предизвикана од политичка агенда, но, ако судиме по реакциите на политичките партии кои го политизираа и пожарот на мостот „Беласица“ со шпекулации и предизвикување на општа несигурност и паника кај граѓаните, заклучокот е загрижувачки.
Апелираме до сите институции да ги превземат сите неопходни мерки за да се спречи ваквата појава, како и до сите политички чинители да не поттикнуваат вакво однесување.