Дел од корисниците од ул. Перо Наков бб, на потегот од бул. Киро Глигоров до МЗТ денеска од 09:00 часот ќе имаат прекинато водоснабдување, соопшти регионалниот Центар за управување со кризи – Скопје.
ЈП Водовод и Канализација го известил Центарот дека прекинот е поради дефект на затворач 250 мм на ул. Перо Наков бб.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот.