Посебен режим на сообраќај во Скопје

policija stop
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска поради одржување марш на мирот во организација на Бошњачкиот национален совет на Република Северна Македонија, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.

Од МВР соопштуваат дека со почеток од 18:30 часот па сѐ до завршување на маршот сообраќајот ќе се пренасочува на дел од ул.„Христијан Тодоровски-Карпош“ од крстосницата со ул.„Втора македонска бригада“, дел од ул.„Џон Кенеди“ со ул.„Кемал Сејфула“, потегот од ул.„Цветан Димов“ до ул.„Џон Кенеди“ и од ул.„Цветан Димов“ до бул.„Крсте Петков Мисирков“.


МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива маршот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK