Полициската станица Аеродром привремено преместена во населба Лисиче

POLICIJA
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерството за внатрешни работи информира дека Полициската станица Аеродром е привремено преместена во населба Лисиче на ул. „Димитар Туриманџовски“ бр. 1.

Преместувањето е направено затоа што на местото на стариот објект ќе се изгради нов објект на полициската станица, во склоп на проектот за обезбедување подобри услови за работа на полициските службеници, но и за услуги на граѓаните. И во наредниот период граѓаните ќе ги добиваат сите потребни услуги и за се што им е потребно можат да се обратат до полициските службеници, наведуваат од МВР.


Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK