Почнува културното лето и одбележувањето на роденденот на Кисела Вода

kisela-voda
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Под слоганот „68 години – бескрајна приказна која станува се подобра“, од денеска Општина Кисела Вода го почнува Културното лето и одбележувањето на својот роденден. Како што информираше претходно градоначалникот на Општината, Орце Ѓорѓиевски, во деновите што се пред нас ќе настапат македонски изведувачи, уметници, како и хрватскиот пејач Петар Грашо.

-Се потрудивме во четири фестивалски денови да сместиме повеќе концерти и настапи, грижејќи се содржински сето тоа да биде на високо квалитетно ниво и да нуди музички стихови кои ќе одговараат за сите генерации и за сите вкусови. Настаните ќе се одвиваат во вечерните часови на две локации, во Расадник и на Три круши во Драчево, рече Ѓорѓиевски.


Како што е најавено, вечерва диџеј сет ќе има DJ Mats, а потоа следува концерт на Два Бона. Утре вечер на Три круши во Драчево ќе настапат КУД Китка, Сузана Спасовска и Миле Кузмановски.

Во сабота, во Расадник, од 10 часот ќе има богата детска програма, a вечерта, на истата локација од 21 часот се организира забава на која ќе настапат Жаре Бербер со Галама бенд, а по него следи голем концерт на една од најпопуларните музички ѕвезди на овие простори, Петар Грашо. Пред публиката во Кисела Вода тој ќе ги пее своите безвременски хитови преку кои се етаблираше како еден од најуспешните музичари и автори во регионот. Од Општината најавуваат прекрасен концерт и атмосфера која ќе го направи незаборавно и ова Културното лето на Кисела Вода.

На 29 јуни, Општина Кисела Вода ќе го одбележи својот 68-ми роденден со манифестацијата „Битка на бендови“. Бендот кој ќе победи добива награда – концерт во целосна организација на Општината, а наградниот фонд е дополнет и со снимање на ЦД и за првото и за второто место. На настанот, како гости ќе настапат Д Далтонс и уште неколку изведувачи.

Истиот ден, вечерта, после сетот на DJ Mats, на сцената во Расадник, концерт ќе има групата Нокаут.

Како што најавија од Општината, ќе се задржи традицијата од минатата година, во деновите меѓу културното лето и роденденот да бидат промовирани, отпочнати или завршени голем број на поголеми инфраструктурни проекти.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK