На 24 мај – Денот на Св. Кирил и Методиј јавниот сообраќај по неделен возен ред


 Поради државниот празник 24 Мај, (вторник) јавниот превоз во Скопје ќе сообраќа по неделен возен ред, а дежурни ќе бидат три билетарници.


 

Како што информираат од ЈСП, од 7:00 до 13:30 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар, Зелен пазар и билетарницата во Ѓорче Петров.

Во вторник, Жичарницата ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот, а во понеделник објектот нема да работи.