Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски денеска во својот кабинет го прими Лука Трифуновиќ, млад боксер и член на Боксерскиот клуб ,,Илинден”, по повод успешните настапи на меѓународните турнири во бокс.
Како што информираат од Општина Илинден, во знак на благодарност за несебична помош и поддршка врз развојот на овој Боксерски клуб, на градоначалникот Георгиевски му беше доделена благодарница.
Георгиевски во оваа пригода истакна дека Општината секогаш ги поддржува спортистите и спортските активности и им дава големо значење, при што доказ за тоа се одржувањето на голем број спортски натпревари.
Лука Трифуновиќ има настапувано на повеќе домашни и меѓународни натпревари, каде има освоено врвни резултати. Тој неодамна настапи на меѓународниот боксерски турнир ,,Арена Куп” 2023, каде што настапија боксери од Северна Македонија, Косово, Албанија и Бугарија, а тој го освои првото место во својата категорија до 16-годишна возраст.