Костовски: Никој не е над законот, урната ограда на државно земјиште наменета за плац за продавање на автомобили

1692781653_unnamed-file.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Никој не е над законот, напиша на социјалните мрежи градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски информирајќи дека општина Бутел спровела акција за ослободување на узурпирано земјиште.


Акцијата како што појаснува ќе заврши со кривична пријава и ослободување на узурпирано државно земјиште на територијата на општина Бутел.

„Утрово, заедно со инспекциските служби на општина Бутел, во координација со Министерството за внатрешни работи се постапи согласно закон, при узурпација на државно земјиште.

Отстранета е ограда поставена на државно земјиште, најверојатно за плац за продавање на автомобили“, напиша Костовски.

Тој упати апел до сите граѓани на општината, за почитување на законот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK