Кисела Вода: И оваа година булингот во училиштата може да се пријави телефонски

Кисела-Вода-И-оваа-година-булингот-во-училиштата-може-да.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

И оваа учебна година, Општина Кисела Вода нуди системско решение за справување со булингот.


„Тргнувајќи од таму дека насилството во основните училишта е сè поприсутно, повторно во функција е телефонскиот број 078/358 – 639, каде жртвите на меѓуврсничко насилство може бесплатно да добијат поддршка од тим од психолози од невладиниот сектор, кои потоа, во координација со општинските служби ќе делуваат директно во училиштето за спречување на насилната појава“, велат од Општина Кисела Вода.

Оваа мерка, која лани беше промовирана за прв пат од Општина Кисела Вода, има за цел да им понуди помош на жртвите од врсничко насилство или на нивните блиски.

„Истото се спроведува заедно со Младински центар “Крик” чиј претседател, Мила Ангелевска Кардафова, е еден од психолозите кои овозможува бесплатна помош и поддршка. На овој начин ќе може да се надмине стравот и срамот за проблемот да се пријави, како и да се изнајде начин тој што побезболно да се реши“, додаваат од Општината.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK