Јавна дискусија „Ќе те пратам кај психологот – казна, закана или поддршка”


Во организација на Здружението на граѓани „Младите можат“ денеска ќе се одржи јавна дискусија „Ќе те пратам кај психологот – казна, закана или поддршка”.
На ваков начин, „Младите можат“ сака да поттикне дискусија за улогата на училишните психолози во негувањето на менталното здравје кај младите во образовниот процес.
За време на настанот ќе бидат презентирани наодите од истражувањето за перцепциите на средношколците поврзани со менталното здравје, како и резултатите од програмата за врсничка едукација за менталното здравје „YOU(th) CAN DO IT BETTER!”, реализирана во четири средни училишта.
Дискусијата ќе биде базирана на три аспекти и перспективи и тоа од страна на училиштен психолог, средношколец и младински работник.
Проектот „YOU(th) CAN DO IT BETTER!”, како што соопштуваат од здружението „Младите можат“, со својот уникатен и систематски пристап е посветен на промовирање на важноста за грижа за менталното здравје помеѓу младите средношколци.
Целта на проектот е да им понуди на младите платформа за личен и професионален развој, себеспознавање, себереализација и станување на најдобрата верзија од себеси.