Фото вест: Синиот круг прошета низ Скопје со цел подигнување на свеста за дијабетесот


– Овие денови бевме сведоци на една несекојдневна глетка низ нашите главни улици во градот Скопје, каде група луѓе носеа и движеа син круг на кој е испишана паролата „Не е лесно да се живее во синиот круг“.

 

 

Со интересна и креативна инсталација, синиот круг го привлече вниманието на граѓаните, предизвикувајќи заинтересираност и љубопитност да дознаат што значи.

Станува збор за акција што е иницирана од Жито Лукс, а има за цел да ја подигне свеста за дијабетесот како едно од најчестите хронични заболувања на денешницата. Од компанијата потенцираа дека активноста е иницирана за подигнување на свеста кај граѓаните за дијабетесот и најавија новитет за кој ќе дознаеме повеќе во наредните денови.

Синиот круг претставува глобален симбол за дијабетес. Лицата со дијабетес се соочуваат со секојдневни бројни предизвици меѓу кои посебниот начин на исхрана што овие лица ги прави вистински борци.