– Во Паркот на Франкофонијата во Скопје, денеска, од пладне до 20 часот по трети пат ќе се одржи Фестивалот на биодиверзитет „Коктел на вкусови“ што го организира Слоу Фуд Водно со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
-Слоу фуд Македонија во своите редови ги има најдобрите производители кои ја бранат агендата поврзана со автентичната храна: ќе има околу 40 изложувачи од цела Македонија, од кои 21 од Скопје. Овој пазар за храна на локалните производители вклучува и презентации, алкохолни, вински и пивски дегустации и секако, убаво дружење цел ден во најубавиот дел на Дебар Маало, најавуваат организаторите.
На настанот ќе бидат презентирани гастрономски деликатеси во тегли, пинџур, џем, слатко, намази, традиционални козји, кравји и други сирења, сувомеснати производи сушени на дрва..
Освен дегустација на производите коишто ќе можат и да се купат, во програмата на фестивалот ќе има претставување на крафт пиварии, коктел мајстори ќе приговуваат коктели од пијалоци на локалните производители, а најмладите ќе имаат катче со работилница од програмата на проектот Училишни градини на Слоу Фуд.