Делови од Сарај и Ѓорче Петров утре без струја, а без вода делови од Кисела Вода и Аеродром

struja
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Регионалниот центар за управување со кризи, по добиени информации од ЕВН Македонија и Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје известува дека делови од општините Сарај и Ѓорче Петров ќе останат без електрична енергија во текот на утрешниот ден, а делови од општините Кисела Вода и Аеродром ќе имаат прекинато водоснабдување.

Како што информираат од РЦУК, поради планирани технички интервенции во електродистрибутивнта мрежа во текот на утрешниот ден, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во село Љубин во Општина Сарај, односно од 09:00 часот до 13:00 часот, како и викендиците во Веле Поле, дел од село Кучково, викендиците во Кучково, Караула Чашка и село Грчани во Општина Ѓорче Петров, односно од 09:00 часот до 12:00 часот.


Додека поради дефект на затворач на булеварот „Видео Смилевски Бато“ бб, од РЦУК известуваат дека утре од 09:00 часот се до санација на дефектот без вода ќе останат корисниците од Реонски Центар – населба Ново Лисиче во Општина Аеродром, а во истиот период, поради изведување на водоводен приклучок ф-200 мм на ул. Христо Татарчев 16, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улица „Христо Татарчев“, како и делови од улиците „Пушкинова“, „Петар Делјан“ и „Борис Трајковски“ во Општина Кисела Вода.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK